Мајами Хит во „мајсторката“ на крилата од Леброн Џејмс го совлада Сан Антонио  95-88 и ја одбрани титулата во НБА лигата.


Џејмс, кој беше прогласен за најкорисен кошаркар во финалето на седмиот натпревар постигна 37 поени, имаше уште 12 скокови и 4 асистенции. Двејн Вејд уфрли 23 кошеви, но најголемата помош во финалето за “жешкото трио“ пристигна од Шон Батиер, кој реаилизираше 18 поени.

Во вицешампионскиот табор најпрецизен беше Тим Данкан со 24 поени, Ленард заврши со 19, а Ману Џинобили со 18 кошеви. „Плејот“ на „мамузите“ Тони Паркер застана 10 поени.


Мх.П.