По повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Одбележувањето започна со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија.

Свежо цвеќе положија и делегации на Владата, на Собранието, претставниците на дипломатскиот кор, на политичките партии, на граѓански здруженија и бројни други почитувачи на ликот и делото на Делчев.