На 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила од нагазна мина поставена на патот животот го загубија Томе Бадаровски, Марјанчо Бошковски, Томе Димовски, Ивица Златевски, Бранко Јанев, Раде Јанковски, Томислав Настевски и Гоце Чанкуловски.

Mакедонија денеска одбележува 25 години од смрттат на бранителите кои го дадоа животот за својата татковина.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили. Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации, истакна во објава на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Г.М.
Фото: Архива