Сонот на Македонија за учество на Европско првенство стана реалност. „Црвено жолтите“ со триумфот над Грузија во финалето со 1-0 го обезбедија долго посакуваниот и очекуваниот билет за континентален собир.

Македонија на Европското првенство кое ќе се одигра следната година во 11 земји и 12 градови ќе биде сместена во групата Ц, заедно со Холандија, Украина и Австрија.

Првите два мечеви Македонија ќе игра во Букурешт против Австрија и Украина, а третиот со Холандија ќе го игра во Амстердам.

  • Распоред:

13 јуни (18 часот): Македонија – Австрија

17 јуни (15 часот): Украина – Македонија

21 јуни (18 часот): Холандија – Македонија

OhridNews

 

Историја!!! Македонија преку Грузија во Европската фудбалска елита (видео)