Со 62 гласа „за“ и 44 „против“ и 5 „воздржани“, Собранието на Република Македонија ја изгласа новата реформска Влада предводена од СДСМ.
Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а воздржани беа пратениците од БЕСА.
„Благодарам за исцрпната дискусија и позитивната атмосфера. Ќе се обидам да дадам на сите по една реченица одговор. Илија Димовски вели како ќе го весламе бродот Македонија, ние нема да го весламе, ќе му ставиме мотор и ќе оди побрзо. Проблемот со Грција е реално загрижување, ќе соработуваме со опозицијата и ќе има референдум да одговорат граѓаните, рече во завршното обраќање Зоран Заев, пред да биде избран за премиер.
Јас сум Македонец и ме боли исто како вас македонштината.Започнува време каде сплотеноста ќе биде императив. Ќе го поздравиме и ќе го продолжиме тоа што е добро. Држете ме за збор, ќе одржиме лекција која ќе остане позитивен пример за сите граѓани во Македонија. СЈО треба да си ја заврши работата, секој за кој има докази треба да одговара. Никола Поповски вети дека ќе бидат добра и конструктивна опозиција, согласно зборовите ќе бидете добар лидер на опозицијата.“- рече Заев.
OhridNews












