Околу 400 милони евра од вкупно 660 милиони предвидени во фондовите од ИПА1 програмата на ЕУ наменети за Македонија останаа неискористени поради слабиот капацитет на државните институции, бизнис секторот и невладините организации. Меѓу нереализираните се и неколку капитални проекти како што е колекторскиот систем на Охридското Езеро. Во моментов се прават напори за релокација на средствата од пропаднатите проекти во други сектори, но тоа оди многу тешко и речиси е невозможна мисија посочуваат стручњаците од граѓанскиот сектор.
-Многу слаба искористеност има во компонентата 5- ИПАРД, рурален развој, каде што имаше секоја година повраток на 14-15 милиони евра во буџетот на ЕУ, неискористени. – вели Александар Колеќески – проектен координатор на ИПА 2 механизамот.
За да се подобрат капацитетите и искористеноста на претпристапните фондови од ИПА 2 програмата во 2012 година започна вмрежување на граѓанските организации чија цел е врз основа на искуствата од ИПА1 програмата да се создадат механизми кои на апликантите ќе им помогнат да креираат одржливи проекти кои ќе ги задоволат строгите технички барања на ЕУ. Во спротивно неискористените средства ќе бидат пренасочени кон друга земја која ќе покаже подобри капацитети, предупредува граѓанскиот сектор.
-Како што растат капацитетите на владините институции да ги користат фондовите, така растат и капацитетите на бизнис секторот, сето тоа мора заедно да оди. Ние сакаме со нашето учество како граѓански асоцијации да посочиме на проблемите, да помогнеме тие да се олеснат но и да се зајакнат капацитетите на оние кои би ги искористувале грантовите и фодовите во иднина. – истакна Ана Чоловиќ Лешоска од НВО Еко свест.
За тоа како најдобро да се искористат европските пари од ИПА 2 програмата за Македонија (2014-2020 г.) во која се предвидени 660 милиони евра за 8 области, во Охрид разговараат 160 граѓански организации и претставници на владата и ЕУ на годишната средба на ИПА 2 механизмот.
OhridNews














