Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за последните два натпревари во групата Б1 од Лигата на нации. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски прво ќе ѝ гостуваат на Шкотска, а потоа во Скопје ќе ја пречекаат Словенија.

Добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа и верувам дека тоа ќе има позитивно влијание на натпреварите против Шкотска и Словенија, изјави Дарко Чурлинов.

Дуелот со Шкотска се игра в петок, 13 ноември, на „Хемпден парк“ во Глазгов, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 по локално време). Македонија ќе ја пречека Словенија в понеделник, 16 ноември, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, исто така од 20:45 часот.

Македонија влегува во завршниот циклус без освоен бод и без постигнат гол во првите четири кола. Во првите меѓусебни дуели загуби со 0:2 од Шкотска во Скопје и со 0:2 од Словенија на гости.

OhridNews
Фото: ФФМ | Фејсбук