Познатиот авангарден режисер од Словенија, Томаж Пандур вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе ја постави претставата „Калигула“ од Камиј.


„Калигула“ од Пандур вечерва на Охридско лето

Ми претставува голема чест што имам можност повторно да се претставам  пред македонската публика во уникатниот уметнички простор како што е Античкиот театар во Охрид, истакна режисерот Пандур, кој минатата година на Охридско лето ја постави светски позната претстава „Тесла Електроник“.
 
Според драмскиот селектор, Ѓорги Јолевски, „Калигула“ ќе биде  една од најспектакуларните театарски изведби во рамките на фестивалот.  Охридско лето е копродуцент на претставата „Калигула“ и ќе биде претставуван и промовиран на сите културни манифестации на кој ќе настапуваат Томаж Пандур и Гавела театрите.

Ohridnews