Форензичарите од кои во голема мерка зависи обезбедувањето докази во судските постапки во последно време стануваат се популарни благодарение на телевизиските серии, но вистинските форензичари предупредуваат дека реалноста е поинаква од филмската.

Експертите од областа на форензиката од Европа и САД, деновиве во Охрид разговара за најновите светски достигнувања во оваа медицинска област. Тие посочија дека технологија која се користи во форензиката станува се поискапа поради што постои стравување дека помалите земји нема да можат да го сследат развојот, што битно ќе влијае и на ефиксноста на судските органи.
Според странските експерти македонските форензичари се меѓу најдобрите во регионот но нивниот потенцијал не е доволно искористен. “Недостасува соработка помеѓу помеѓу форензичарите, полицијата и судството. Македонија има знаење но за да се постигнат добри резултати потребна е и соодветна опрема, но пред се потребно е да се воспостави ефикасна соработка помеѓу помеѓу институциите“, вели Јоан Де Вима, експерт од Белгија.
реалноста не е како на филм-форензичарите на собир во Охрид
Најголем проблем во македонската форензика е недостаткотот на средства. Доколку државата наскоро не ги сервисира долговите кон Институтот за судска медицина и криминалистика во прашање може да биде доведена работата на оваа институција, а со тоа да биде блокирана и работата на полицијата и судството, вели професор Дума.“Во моментов државата ни должи повеѓе од 500.000 евра за извршени услуги на правосудните органи и органите за внатрешни работи и многу трагично е што не го гледаме решението на тој долг, така да тоа е сериозен проблем кој што може битно да ја поремети нормалната функцијат на институтот“, вели Дума.
Институтот добил ветување од премиерот Груевски дека проблемот најитно ќе биде решен со што би се избегнале несканатите последици.
Г. Момироски













