Културното и природното богатство, традиционално подготвената храна и убавото вино ќе бидат главните адути, со кои Македонија ќе се претстави на уште 5 светски саеми за туризам во текот на оваа година.

Според распоредот на настани од ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” за 2015 година, македонската туристичка делегација ќе биде дел од туристичкиот саем „RDA“, кој од 21-ви до 23-ти јули ќе се одржува во Келн, Германија. Свој изложбен штанд Македонија ќе има и на Саемот за туризам „Jata“, кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми септември во Токио, Јапонија.

Според планираното, македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам „IFTM“ во Париз, Франција, кој ќе се одржува од 29-ти септември до 2-ри октомври 2015 година. Саемската промоција на Македонија ќе продолжи на самот за туризам „ТТG Incontri“ кој од 8-ми до 10-ти октомври ќе се одржува во Римини, Италија. Исто така Македонија ќе биде дел и од саемот „World Travel Market“ кој ќе се одржи од 2-ри до 5-ти ноември 2015 година во Лондон, Велика Британија.

Инаку во текот на првите три месеци од годинава, ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” ги презентираше нашите туристички можности на саемите во Утрех, Истанбул, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Москва и Гетебург.

OhridNews