Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на Саемот за туризам кој од денеска до 21-ви февруари 2016 година ќе се одржува во Белград, Србија.

Оваа престижна саемска манифестација која се организира по 38-ми пат е еден од најголемите туристички настани во Србија и Југоисточна Европа. Претходната година на овој саем својата понуда ја пртставиле околу 1030 излагачи, а манифестацијата била посетена од над 62.000 посетители.

Според известувањата кои ги има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, туристичките богатства на Македонија ќе бидат претставени и пред посетителите на саемот за туризам во Берлин, Германија кој ќе се одржува од 9-ти до 13-ти март 2016 година.

Инаку во текот на изминатиот период Македонија имаше свое претставување на саемите за туризам во Утрехт, Истанбул, Љубљана, Брисел и Софија.

OhridNews