По долгогодишни најави, конечно ќе започнат активности за уредување на просторот каде што сега се наоѓа старата зграда на Маларичната. Советот на општината Охрид на седницата што ќе се одржи денеска, меѓу другото треба да ја усвои предлог одлуката за донесување ДУП  за дел од пошироко централно градско подрачје  опфат „Маларична “- Охрид 2007 – 2012.

Ианку како што неодамна објави Ohridnews, според Генералниот урбанистички план, предвидено е Маларичната да се дислоцира во кругот на Општата болница во Охрид, а на нејзино место ќе се гради станбено-деловен комплекс.

Приземјето и првиот кат повторно би се користеле во функција на здравството, додека приватните концесионери кои сега работат во Маларична својата дејност ќе продолжат да ја извршуваат во комплексот на општата болница, ни изјави тогаш началникот на урбанизам, Бранко Арнаудовски.

Согласност за ваквиот план општината добила од  од Министерството за здравство, информираше Арнаудовски. Се очекува државата да распише тендер за уредување на просторот каде сега се наоѓа Маларичната, каде е предвидено да се гради станбено-деловен комплекс и поликлиника.

Инаку на 50-та седница на Советот на Општина Охрид на дневен ред ќе се најдат вкупно 22 точки, од кои внимание привлекуваат неколкуте од областа на урбанизмот, како и извештаите за работата на оделението на даноци, предлог програмата за работа на Проаква и.т.н. :

1.Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот за работа  на Советот на општина Охрид во 2007 год.

2.Предлог  Одлука за усвојување на Програмата за работа на Советот на општина Охрид во 2008 год.

3.Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа за 2008 год. на МЈП „ Проаква“ за РЕ „Водовод“- Охрид и РЕ „ Колектор“.

4. Предлог одлука за усвојување на Годишниот  извештај на одделението за комунален развој и сообраќај за реализација на Програма за инвестиции и одржување за 2007 год.

5.Предлог одлука за усвојување на  Извештајот  за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за 2007 год.

6.Предлог одлука за усвојување на  Извештајот за работата на одделението за даноци и комунални такси за период од 01.01-31.12.2007 год.

7.Предлог одлука за усвојување на  Извештајот за  работата на  општинскиот инспекторат при локалната самоуправа на општина Охрид  за период од 01.01.2007 год. до 31.12.2007 год.

8. Предлог одлука за усвојување на Програмата за одбележување на празници и манифестации за 2008  год.

9. Предлог одлука  за усвојување иницијатива за развивање на  Локален еколошки акционен план   на општина Охрид.

 10. Предлог одлука за усвојување на Процената на загрозеност на територијата на општина Охрид од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епитофии  и други несреќи.

11. Предлог статутарна одлука за изменување на Статутот на општина Охрид.

12.Предлог одлука за организација на општинската администрација на општина Охрид.

13.Предлог одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба , одржување и користење на спортски објекти и јавни пракинг простори
    
        14.Предлог одлука за донесување Урбанистички план  вон населено место за дел од туристичка населба Горица – Исток  2007- 2017.

        15. Предлог одлука за донесување ДУП  за дел од пошироко централно градско подрачје  опфат Маларична “- Охрид 2007 – 2012.

         16. Предлог одлука за донесување урбанистички план вон населено место за дел од туристички локалитет Горица Св. Стефан- Метропол, дел од блок 2 општина Охрид 2007 – 2017.

        17.Предлог одлука за утврдување    Нацрт  – детален урбанистички план  за дел од урбана заедница 16 – „Рача“ опфат 1 и дел од опфат 2 – општина Охрид.

        18. Предлог одлука за утврдување    Нацрт  – детален урбанистички план  за дел од урбана заедница 16 – „Рача“ УБ 16.3 опфат 3 – општина Охрид.

       19. Предлог одлука за утврдување    Нацрт  – детален урбанистички план  за дел од Урбана зедница 6 Урбан блок 6.1. општина Охрид.

       20. Предлог одлука за утврдување    Нацрт  – детален урбанистички план  за Урбана заедница 1 дел од урбан блок 1.3. опфат 1 општина Охрид.

       21.Предлог одлука за давање согласност за  отстапување на правото на трајно користење на градежно земјиште.

        22. Предлог Заклучок за заштита на Охридското Езеро од девастација и неконтролирано испуштање на вода.

ohridnews