
Празнувањето започнува денеска, 14 август, во 19 часот, со вечерна богослужба. Утре, 15 август, утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, а Светата литургија во 8:15 часот.
Од манастирот ги покануваат верниците да присуствуваат на богослужбите и заеднички да го одбележат празникот посветен на Свети Стефан.
Манастирот „Св. Стефан“ се наоѓа на околу пет километри од Охрид, покрај старата пештерна црква посветена на првиот христијански маченик – архиѓаконот Стефан.
Пештерната црква датира од IX век и претставува редок сакрален споменик. За нејзиното оформување е искористена природна пештера, која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен, а во подоцнежниот период покрај неа биле изградени и манастирски конаци.
Еден од највпечатливите и препознатливи детали во пештерната црква е „Божјото око“, редок симбол по кој оваа древна светиња е особено препознатлива.
OhridNews











