Изминатите два месеца лековите на позитивната листа во аптеките во 95% се подигнуваат со електронски рецепт, истакна министерот за информатичко општество и администрација.

Придобивките од оваа мерка се големи. Освен што се заштедува хартија и се намалува метежот кај матичните лекари. – посочи министерот Манчевски.

Манчевски најави дека ќе се воведе и електронско запишување на деца во градинките и училиштата, како и електронско издавање на извод од матичната книга на родени и други услуги.

Министерот за здравтсво Венко Филипке истакна дека системот на електронско издавање на рецепти се покажал како исклучително корисен во време на пандемијата од Ковид 19. Тој истакна дека од 1 мај до денес електронски се издадени над три милиони рецепти, во најголем дел на хронично болни пациенти.

OhridNews