Би сакал да ја искористам оваа прилика, голема благодарност на граѓаните на Република Македонија за огромната излезност, голем број на граѓани што изглегоа да гласаат. Граѓаните на Македонија покажаа дека ја сакаат Македонија, дека сакаат промени во државата и дека сакаат живот во Македонија, изјави Дамјан Манчевски, шеф на изборен штаб на СДСМ и коалицијата.

– Исто така мораме да констатираме дека за жал, одредени стари навики на одредени групации блиски на власта, продолжија и понатака. Навики кои се обидоа да ги спречат граѓаните, слободно да го изразат својот глас, но исто така знаеме дека тие не се доволни за граѓаните на Македонија, слободно да можат да ја изразат својата волја, додаде манчевски.