На Македонија и се потребни стабилни институции, ефикасен правен систем ослободен од влијанието на политиката, сметаат академиците од МАНУ, во чија организација во Охрид се одржува еднонеделна школа за природно право.  

Како што истакнува академик Владо Камбовски, од големо значење е да се промени односот на државата кон поединецот, државата да ги повлече своите влијанија од многу сфери, партиите да се повлечат од господарење со институциите на државата, кои треба да се под власта на законот, уставот и владеење на правото.

Според професорот Шкариќ најважни се промените во правосудниот систем. Очекува СЈО до истекот на мандатот да поднесе 20-на обвинителни акти, но и да продолжи истрагата за криминалните случаи кои произлегуваат од прислушкуваните разговори.

-Преку овие обвинителни акти очигледно СЈО дава знак дека казннивоста не смее да остане неказнета. По истекот на рокот СЈО ќе продолжи да работи да ги истражува криминалните дејства содржани во снимките да формира документација, а потоа редовното судство или доколку се продолжи мандатот на СЈО ќе следуваат нови обвинителни акти, вели професор Шкариќ.

Според академиците, приоритет на новат авлада треба да биде процесот на демократизација на општеството и вклучување на расположливи универзитетски капацитети.
На Школата за природно право во Охрид учествуваат 30 магистри и доктори на науки од областа на правото и политиката. Се одржува со поддршка на амбасадата на САД.

OhridNews