Од раните утрински часови оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец на терен беа ангажирани за расчистување на две диви депонии во населба Лагадин и во околината на село Елшани, информираат од претпријатието. Посочуваат дека подигнати се 16м3 кабаст и зелен отпад.

Се расчистуваа локациите заради нечија несовесност кон трајните вредности кои ги градиме секојдневно за да создадеме одржливи услови за здрава животна средина. Секојдневно се соочуваме со овие проблеми кои оставаат лош впечаток на секој чекор, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Воедно, повторно упатуваат апел да не се расфрла кабастиот и зелениот отпад, како и да се контактираат надлежните служби во претпријатието на дежурните телефонски броеви 075-495-428 и 075-397-944.

OhridNews