Востановен минатата година, фестивалот „Охрид те сакам“ прераснува во културно-едукативна институција, која ја популаризира класичната музика особено меѓу младите, вели уметничкиот директор на фестивалот, Емилија Маринова.
 
Гостувањето на реномирани уметници придонесува вон главната туристичка сезона кога се случуваат најголемиот дел од фестивалите во Охрид да се згогати културната понуда на градот, сметат организаторите на фестивалот.

-Сакам да ја искажам големата благодарност до Општината и градоначалникот Петрески за големата поддршка во реализирање на идејата да се востанови овој Фестивал кој има и голема едукативна димензија преку семинарите што ги одржуваат истакнати италијански и домашни музички педагози, со што се дава голем придонес за музичко образование на младите и јакнење на љубовта кон класичната музичка уметност, вели Маринова.


Во рамки на на фестивалот „Охрид те сакам“, вечерва во големата сала на Општина Охрид настапува дуото од Италија Џовани Вале(пијано) и Даниеле Инџиоси(хармоника).