Победнички старт за охридските бели , во трката за опстанок во второлигашката конкуренција. “Рибарите“ до третата победа во овогодинешниот шампионат, втора над Цементарците стигнаа со погодоците на Атај во првиот И Клечкароски И Никодиноски во вториот дел. Победата на Цементарница добива на значење ако се знае дека е совладан директниот конкурент во борбата за избегнување на местата кои водат во понизок ранг.

– Добивме еден мошне важен натпревар против директен конкурент во борбата за опстанок. Психолошки доста тежок, меч за младата екипа која ја имам на распологање кој одигра доста дисциплинирано и ефикасно. Оваа победа ќе ни даде дополнителен мотив во битката за опстанок во второлигашкото друштво. – рече Гоце Маркоски , шефот на струката во Охрид.

Во наредното 15 коло, Охрид гостува кај Брегалница во Штип. Во есенскиот дел од шампионатот Охрид на “Билјанини Извори“ претрпе убедлив пораз од 3-0.

М.П.