Во текот на вчерашниот ден и од раните утрински часови денеска екипи на Центарот за јавно здравје континуирано го контролираат квалитетот на водата за пиење на неколку мерни места во Струга, со фокус на параметрите матност и резидуален хлор, откако по обилните врнежи изминатите денови дојде до заматување на изворите од кои со вода се снабдува Струга.

-Од последните мерења извршени денеска во 10:50 часот, констатирано е потребното и дозволено присуство на дезинфекционо средство (резидуален хлор) во водата, како и значително намалување на матноста во водата, но се’ уште матноста е над дозволената граница. Според тоа, се’ уште стои заклучокот дека водата за пиење од градскиот водовод во Струга не е здравствено безбедна за користење. Очекуваме состојбата да се нормализира во текот на денешниот ден. – информира Центарот за јавно здравје.

Екипи на Центарот за јавно здравје остануваат на терен да ја следат состојбата и во координација со инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринасрство на РМ, ќе преземаат соодветни мерки за што ке биде известена јавноста.

OhridNews