Во весела и свечена атмосфера, матурантите од општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ја прославија својата матурска вечер во хотелот „Силекс“.
Во украсениот училишен двор со балони, се фотографираа, играа и пееја на музиката за која се погрижија самите ученици, а потоа поминувајќи по црвениот тепих тргнаа кон хотелот „Силекс“ каде што беа пречекани со различни видови коктели покрај самиот базен и спектакуларен огномет.
Матурантите славеа до раните утрински часови. Неизостанаа и прераскажувањата на средношколските случки, мигови поминати во училишните клупи и незаборавните моменти.
Честито матура!
OhridNews
















