Најновиот трилер на Содерберг на кино репертоарот на Центарот за култура, трилерот “Haywire” од утре ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура. Проекциите ќе траат до 2-ри ноември (петок).


Во својот најнов трилер оскаровецот Стивен Содерберг (“Патишта на дрогата”, “Играј ја својата игра”) повторно се враќа во овој популарен филмски жанр, додавајќи елементи кои суптилно ќе ја изненадат публиката, пишува критиката.

Комбинирајќи ги интригата и тензијата, комплексните ликови и гламурозните интернационални локации со сериозна акција со вистински техники кои ги користат специјалните агенти и харизматичната хероина, режисерот ги менува сфаќањата на жанрот „шпионски трилер“. Шампионката во мешани боречки вештини Џина Карано ја игра главната улога заедно со Ченинг Тејтум, Мајкл Фесбендер, Еван МекГрегор, Антонио Бандерас, Мајкл Даглас и Бил Пекстон. Содерберг ја пронашол својата муза за овој филм на сосема неочекувано место.

Почеток  на проекциите е 20.00 часот, влез 100 денари.

OhridNews