
„Ние сме подрачје богато со вода, но тоа не значи дека можеме нерационално да се однесуваме со ова ретко природно богатство. Охридското Езеро е едно од трите најстари природни езера во светот и најголемиот базен со чиста вода за пиење во Европа. Не случајно светската стручна јавност, посебно Охридското Езеро како природна реткост и посебно Охрид како културно богатство, предложила да бидат под заштита на УНЕСКО. Тоа е голема привилегија но и голема одговорност за нивна заштита.“ – рече на отворањето на настанот, заменик-градоначалникот Ангел Јанев.
Тој потенцира дека во Охрид, пред повеќе од 25 години е изграден колекторскиот систем, а веќе е отпочнат процесот за целосна заштита на езерото.
„Системот до сега повеќе пати со помош на странски донации е доградуван , а во тек се и активности за негова реконструкција и продолжување на опфатот. Целта ни е да се направи целосен колекторски систем кој ќе го штити езерото од македонска и албанска страна.“ – потенцира Јанев.
Инаку, на конференцијата учествуваат претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија ,Албанија, Унгарија, Германија и други европски земји
OhridNews











