Познатиот австралиски глумец и оскаровец Мел Гибсон по 10 години повторно ќе застане зад камерите. Тој ќе ја режира биографската драма „Hacksaw Ridge“, работена според вистински настани.

Филмот ја раскажува приказната за херојот од Втората светска војна Дезмонд Дос (Ендру Гарфилд), кој во битката на Окинава на Пацификот иако не носел оружје, бидејќи бил пацифист и адвентист, успеал да спаси 75 животи ризикувајќи си го животот на фронтот каде ненаоружан лечел и евакуирал ранети војници. Претсефателот на САД Хари Труман го одликувал со медал на храброст, две бронзени ѕвезди и виолетова ѕвезда. Доживеал длабока старост, а починал во 2006 година.

Ова е прв филм што Мел Гибсон ќе го режира по „Apocalito“ во 2006 година.

OhridNews