Центар за култура „Григор Прличев“

Од 24.04.2026 - 20:00 до 24.04.2026 - 22:00

По распродадените претстави во Скопје и Кавадарци, урнебесната монодрама „Менопауза“ со легендарната Тијана Дапчевиќ пристигнува и во Охрид во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид на 24 април 2026 со почеток во 20:00 часот.

Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовни недоразбирања и мажи во криза на средни години – Тијана без филтер ќе ве насмее до солзи уште од првата минута.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eventum (@eventum.mk)

Текстот на монодрамата е на Данило Вукотиќ, а во режија на Раде Вукотиќ.

Билетите се во продажба на следните локации: Аждер, Irish Pub Dublin, Le Petit Bistro Lihnidos.

Совршена вечер за смеа, препознавање и женска солидарност. Поведи другарка. Оваа претстава најдобро се доживува заедно!, порачуваат организаторите.

OhridNews