Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси го освои 46. трофеј во кариерата. Аргентинецот со Интер Мајами станаа шампиони во регуларнито дел од сезоната во МЛС-лигата освојувајќи го трофејот „Supporters’ Shield“.

Минатата година 37-годишниот Аргентинец го освои Лига купот со Интер Мајами.
Меси претходно играше и за ПСЖ со кој двапати го освои францускиот шампионат и го освои Суперкупот на Франција и за Барселона со која освои 34 трофеи.
Со Аргентина, Меси ги освои Светското првенство (2022), Копа Америка (2021, 2024), Финалисима (2022), Олимписките игри (2008) и Светското младинско првенство (2005).
OhridNews










