Не чека многу работа. А главните предизвици доаѓаат по формирањето на новата влада. Ни престои обнова за која мораме да се избориме. А обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, Исправена, Европски интегрирана, технолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира, истакна на денешното обраќање во Прилеп, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

  • Нашата задача е да ја вратиме надежта кај луѓето и заедничката среќа. Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот, не само  да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во буџетот на Македонија. Мора да се врати одземеното. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чуствуваат заштитени, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нема да имам милост кон било кој што ќе посегне по неправда и корупција и дека мора да се врати кај народот вербата во политичарите.

  • Мора да го оствариме сонот за развиена држава, да отвориме досега најголема битка против неправдите. Не смее да се дозволува неефикасност во работата, незаслужени приоритети или врски во образованието и здравството. Не смее помалку вредните да го завземаат местото на успешните. Мора да се оствари ветеното и реално да се каже што може да се оствари. Да ги тргнеме на страна национал романтичарските теми за лов на гласови, и да ја добиеме довербата со дела и проекти за подобар живот. Мораме државата да ја ставиме на брза патека за влез во Европската Унија. Да направиме реформи и да добиеме датум за преговори, а потоа да ги отвориме поглавјата кои ќе го направат животот подобар, рече Мицкоски.

Додаде дека не станал дел од политиката за корист, туку за кауза и идеал и дека негова цел е успехот, а кауза Македонија.

OhridNews