Бидете спокојни, тестови има и постојано се набавуваат резерви, напиша вечерва на „Твитер“ министерот за здравство Венко Филипче. Оваа негова реакција доаѓа откако претходно лидерот на ВМРО ДПМНЕ при гостувањето во емисијата „Само Интервју“ ан Канал 5, рече дека оти има информации дека земјата нема резерви од тестови за коронавирус

Јас добивам загрижувачки податоци дека денеска ние немаме повеќе од 100 до 150 тестови коишто ни се на располагање. Секој ден се зголемува бројката од 50 на 300, тоа не е сериозна работа, сериозна работа е кога ќе имате 10, 20, 30 илјади теста и ќе тестирате се додека има луѓе кои што сакаат да се тестираат. – истакна Мицкоски.

исечок 1 „Само Интервју“ 3.4.2020

Дел од вечерашното #СамоИнтервју со Христијан МицкоскиМе плаши танцувањето со сиромаштијата на граѓаните. Оние кои што сакаат да се тестираат треба да им се даде да го сторат тоа, рече Мицкоски во вечерашното гостување во „Само Интервју“.

Geplaatst door Канал 5 Телевизија op Vrijdag 3 april 2020

На ова најпрвин реагираше Министерството за здравство, а потоа и министерот Филипче кој го обвини Мицкоски за ширење лажни вести.

Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголема опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните. – напиша на Твитер министерот Филипче.

OhridNews