Вчера на улицата „Стив Наумов“, во сопствената плевна, охриѓанец затекнал две непознати лица, за кои се претпоставува дека се од Сирија, како спијат. Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзале рацете. Откако го заврзале му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец.

Лицето кое било пронајдено пдоцна не е повредено. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews