Македонската полиција во камион со кој управувал охриѓанец, завчера околу 20 часот пред наплатната рампа Романовце-Kуманово, при контрола пронашла двајца мигранти од Авганистан.

Товарното возило сообраќало од Австрија кон Македонија, со крајна дестинација Охрид. Мигрантите за возачот на камионот рекле дека не го познават и со него немале
контакти, односно дека истиот, наводно не бил инволвиран во
организацијата околу транспортот на лицата. Имено, претходно возачот од
нивна страна бил следен и на територијата на Р.Хрватска, додека не бил
присутен во возилото, ја скинале пломбата и влегле во камионот, по што повторно ја вратиле пломбата на место.

Откриените илегални мигранти на полицијата и изјавиле дека имале намера да продолжат со патување во земјите од ЕУ, а за возврат на тоа платиле 2000 евра на лице од Курдистан.

Двајцата авганистанци се местени во прифатниот центар за мигранти, и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews