28 години само по време на избори ги повикувате здруженијата со разни ветувања. Јас сите здруженија ги сакам и за мене се на исто рамниште. Секој има да каже по нешто што ќе може да помогне на Охрид, вели во денешното обраќање до јавноста кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.

  • Јас за време на изборите нема да ги злоупотребувам, да им давам празни ветувања и да се сликам со нив. Срам ми е после 28 години лажење, јас да бидам уште еден кој ќе ги излаже! Доколку ги добијам изборите, првата работна недела ќе ги поканам на работен состанок во кабинетот на градоначалникот, на кој тие ќе ми ги претстават своите визии и проекти кои јас како градоначалник ќе треба да ги реализирам. Без граѓанскиот сектор, без умните луѓе во Охрид и експертите од сите области, нема како да го преродиме Охрид и да го издигнеме до ниво Охрид- ГРАД-ДРЖАВА. Ќе создадам совет на мудреци кон градоначалникот на општината- тип охридска влада, во кој ќе ги вклучам сите умни луѓе и претставници на невладиниот сектор од различни области, кои сакаат да работат за нашиот Охрид, вели Нанче.

Додава дека секој има да каже нешто што не го знае другиот, некоја убава идеја која може да прерасне во проект, кој ќе го направи Охрид поубаво место за живеење и попривлечен за туристите.