Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во рурални средини и обратно до своето работно место, најави кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р митре Милошевски, доколку ја добие довербата од граѓаните на изборите на 5 мај.
-Со оваа мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Исплатата од страна на општина Охрид ќе биде по основ на Заклучок донесен од страна на Комисијата за финансии и буџет при Совет на општина Охрид. – рече Милочевски.

Дел од програмата во областа на образованието на Милошевски е и иницијативата за отворање средно ликовно и музичко училиште, како и бесплатен превоз 24 часа за сите ученици од основно и средно образование.
-Развивање претприемачки дух преку отворање реални училишни компании во средните училишта нивно вмрежување со бизнис-секторот за поддршка на практичната настава. Учество во соработката со бизнис-секторот за обезбедување финансиски средства од самофинансирачка активност. Поддршка за млади таленти преку доделување годишни награди, стипендирање на талентираните студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци како и преземање активности за обезбедување финансиски средства за учениците со послаба материјална состојба, промовирање на југозападен регионален училишен центар, најави д-р Митре Милошевски.
OhridNews











