Културата, традицијата, историјата и религијата се вредности коишто се наша гордост и треба да се негуваат. Во време кога Светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз како дел од светското културно наследство, изразувам искрено жалење затоа што културата е идентитетот и алка на духовниот континуитет, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

Презентира дел од предизборната програма што е насочен токму кон заштита на културните вредности во градот. Меѓу нив, организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот; организација на христијанските празници Богојавление-Водици; помагање на традиционалното прославување на верскиот празник Св. Василиј–Василица, низ сите Урбани заедници низ Општината; организација на Божиќна литија; организација на настан „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија, Организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед; поддршка на фестивалот на Египќани.

  • Сите тие наследни вредности вградени со проектите како поставување рекламни билборди со фотографии од стар Охрид, типизирани тезги, обележувањето на културни историски и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во стар град каде се напишани староградски песни со кратка легенда и текст, ќе бидат траен белег за Охрид.Охрид како развиена културна средина ќе биде театарска и филмска ризница од културни вредности.Нашата култура како дел од македонскиот идентитет н`е издвојува, но и н`е соединува. Таа е најсилна промоција на туризмот, а Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата, истакна Милошевски.