о програмата За Убав град во рамките на надлежностите на Локалната самоуправа предвидуваме реформа во јавната админстрација со проектот Е-Охрид преку надоградување на електронскиот систем со цел обезбедување лесна контрола во давањето на услуги за сите граѓани, но и ставање крај на чекање редици и давање мито, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

Милошевски информира дека програмата опфаќа и: Професионализација како натпревар на знаења и искуство; Развивање на стандардите за административен и карактерен квалитет; Изградба на Модел на административна одржливост, одговорно и отчетно однесување.

  • Во Локалната самоуправа има квалитетни кадри кои совесно си ја вршат својата работа, но треба уште повеќе да ги мотивираме за да се залагаат што повеќе во своето работење, а со тоа граѓаните да можат да ја добијат соодветната услуга која им е потребна. За да има непречено функционирање на Локалната самоуправа потребна е стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација. Затоа најквалитетен стручен тим ќе ми помага да менаџирам со заложба да се помогне на секој граѓанин во остварување на своите права. Мојата канцеларија ќе биде отворена за секој граѓанин, преку отворен ден со граѓаните, каде што ќе ги сослушам нивните идеи, предлози, мислења, критики, рече Милошевски.

Додаде дека нема да дозволи никакво користење на општинските добра за приватни цели, туку средствата ќе бидат наменети во интерес на граѓаните, како и дека администрацијата мора да се врати на професионалните стандарди и институциите да се ослободат од духот на политиканството, однсоно да биде општина која ќе се ослободи од партиските спреги и ќе се посвети на решавање на проблемите на граѓаните.

OhridNews