Во текот на 2023 година во државава се градени вкупно 2 874 објекти од страна на деловни субјекти, а завршени се вкупно 3 445 станови со вкупна површина од 243 815 м2, од кои 3 415 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 70.8 м2, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во текот на минатата година во Охрид се градени вкупно 157 објекти, а завршени се вкупно 140 станови со вкупна површина од 9 240 м2, сите во индивидуална сопственост. Во Струга градени се вкупно 43 објекта, од кои завршени се 27 стана. Од завршените 26 се во индивидуална сопственост. Изградените станови се со вкупна површина од 2 342 м2. Во Дебрца се градени 11 објекти, додека во Вевчани 13, покажуваат податоците на ДЗС.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион – 838 објекта, потоа во Југоисточниот – 375, Источниот – 372, Пелагонискиот – 361, Вардарскиот – 292, Југозападниот – 291 објект, …

Во Охрид градени се 73 објекти за домување во индивидуална режија, а изградени се 147 станови. Во Струга градени се 111 објекти, а завршени 158 станови. Во Дебрца 2 објекта, од кои изграден е еден стан, додека во Вевчани 15 објека, а завршени се 9 станови, се наведува во податоците од ДЗС.
По региони, најмногу се градело во Полошкиот Регион, потоа во Скопскиот, Југозападниот итн.
Н.С.Ј.
извор. ДЗС












