Денес, во 12 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, ќе ја посети општина Струга. Министерот Дураку ќе изврши увид на општинската депонија, со цел да се запознае со проблемите кои ги имаат граѓаните на Струга со одлагањето на отпадот во нивната општина.

Граѓаните на Струга одржаа некоку протести од кои упатија барање за итно решавање на проблемот со дивата дипонија лоцирана во непосредна близина на градот. Депонијата со години е извор на загадување и причина за тешки заболувања кај луѓето чиј број, како што истакнуваа граѓаните, е во пораст.

OhridNews