Министерот Иваноски ја посети и охридската библиотека, каде се разговараше за проблемот со кој години наназад се соочува оваа институција, а тоа е недостатокот од простор.
– Вработените ги запознавме со проектот, кој е во почетна фаза, со кој ќе се најде соодветно решение за проблемот. Ќе се бараат нови простории во кои ќе биде сместен книжниот фонд на библиотеката, или пак ќе се изврши надоградба на постоечкиот објект, рече Ивановски.
Својата посета на Охрид, Ивановски ја заокружи со посетата на Едукативниот центар Пи- Си за кој рече дека е познат по постигнатите извонредни резултати, во текот на 17- годишното работење.
– Сакав и лично да се запознам како функционира центарот чие работење би сакале да го пресликаме како модел кој би се применувал во работењето на државните образовни институции, истакна министерот Ивановски.
Тој потенцира дека Владата продолжува да инвестира во голем број проекти од областа на образованието, се со цел младите во Македонија да се стекнат не само со теоретско, туку и практично знаење преку кое ќе можат максимално да се вклучат во приватниот сектор и во развојот на економијата и самата држава.










