Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници, потенцираат од министерството за транспорт и врски.

На сила се уште важи Одлуката за затворање  на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”. Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници, наведуваат од министерството.

Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, оттаму со апел до граѓаните да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.

OhridNews