Натпревар со две различни полувремиња одиграа на Билјанини Охрид и Миравци. По едно полувреме им припадна на двете екипи, но гостите се тие кои на крајот се радуваа.

Одлучно започнаа охриѓани, а првата прилика ја имаа по само пет минути игра но Димоски биеше млако кон голот на Бошнаков. Дваесет минути подоцна преку Чашитоски “сините“ постигнаа гол, но по асистенцијата на помошниот Бојанинов, поради недозволена позиција Цветкоски го поништи погодокот.

Продолжија домаќините во исто темпо,а наградата стигна во финишот на првото полуврме. Димоски прифати една топка и во соло продор се ослободи од двјаца чувари и го матираше Бошнаков. Се опуштија домашните, а во судиското надополнување еден отпадок прифати Ристовски и со одмерен удар го совлада Абди за 1-1.

Охридските сини решени да го добијат мечот тргнаа силовите на стартот на вториот дел, но таквата игра осатсви место за контри, а гостие ја реализираа првата прилка која им се укажа. Зајков во празно го проигра Тодоров кој изби сам пред Абди и по вторпат на мечот ја затресе неговата мрежа.

Пет минути подоцна повторно спорна ситуација. Маркоски продре во противничкиот 16 -ик, соборен беше од Бучков но за судијата Цветкоски контактот не беше доволен за најстрога казна. Нешто подоцна капитенот Лошкоски се најде во петтерецот но неговиот удар од самата гол линија го расчисти потесната одбрана.

По оваа прилика охриѓани комплетно се отворија , а гостите има неколку прилики да го зголемат водството но Упчев и Мижоров не ја затресоа уште еднаш противничката мрежа.

Охрид : Абди 1,5, Бимбилоски 1,5, Велкоски 2, Лошкоски 2, Степаноски 1,5, Чашитоски 2,   (57`Момироски 1,5), Шаќири 2, Маркоски 2, Бакулески 1,5 ( 70` Бочески 1,5) , Ѓорѓиески 1,5 ( 78`Стојаноски – ), Димоски 2,

Миравци : Бошнаков 2, Јанев 2, Дилеберов 2, Бучков 2,5, Каракамишев 2,5, Тодоров 3 ( 71` Митков- ), Крстев 2,5, Попов 3, Ристовски 3 (59` Упчев 2 ), Мижоров 2 (82` Горбашлиев -) , Зајков 2,5

Жолти Картони : Маркоски, Бимбилоски, Димоски, Стојаноски (О)

Стрелци : 43` Димоски  (О),  45` Ристовски , 51` Тодоров (М)

Судија : Цветкоски Игор, помошници Бојанинов Зоран, Пројковска Ивана. Сите од Скопје. Делегат Мојсоски Зоре од Македонски Брод. Гледачи 500
 
Резултати 26 коло

Брегалница Алумина 1-1
Нов Милениум Тетекс
Турново Беласица 0-1
Влазрими Слога Ј 4-1
Дрита Металург 2-3
Охрид `04 Миравци 1-2
Караорман Вардар Д 1-1
Локомотива Маџари 2-0

Табела

1 Металург 24 54
 2 Турново 24 51
 3 Миравци 24  49
 4 Скопје 23 44
 5 Беласица 24 43
 6 Тетекс 24 40
 7 Дрита 24 39
 8 Слога Ј 24 38
 9 Нов Милениум 23 29
 10 Маџари 24 28
 11 Вардар Д 24 27
 12 Охрид `04
24 26
 13 Брегалница 25 25
 14 Алумина 25 25
 15 Локомотива 24 23
 16 Караорман 24 19
 17 Влазрими 24  14

Наредно Коло 19.04

Вардар Д

Охрид
Миравци

Дрита
Металург

Влазрими
Слога Ј.

Турново
Беласица

Скопје
Алумина

Маџари
Караорман

Локомотива
Тетекс

Брегалница