Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаа за прв пат сезонава да триумфираат во Охрид и да обезбедат победа која ги води во полуфиналето. “Штрковите“ успеаа да надокнадат дефицит од 20 поени по првиот период. 

– Очекував таква фуриозна прва четвртина, бидејќи Амак на сите натпревари во првиот период го напаѓа противникот. Успеавме се созедовме и во финишот на мечот победивме. Нема да беше незаслужено и Амак да одеше понатаму. Во натпреварот со Фени влегуваме како апсолутни аутасајдери , но тоа не значи дека нема да се обидеме да направиме уште едно изненадување – вели Боби Митев-стратегот на МЗТ.

М.П.