Денес во просториите на Дебарско-кичевската митрополија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Дебарско-кичевската епархија и Општина Вевчани, како и за можностите за нејзино унапредување, особено во насока на зачувувањето и афирмацијата на духовното, културното и историското наследство на овој крај, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Во разговорот, посочуваат, била истакната важноста на меѓусебното разбирање и соработката во интерес на верниот народ.

Притоа, јасно беше изразена подготвеноста за продолжување на добрите односи и заедничките активности, додаваат во соопштението.

OhridNews