Учесници од Бугарија, Турција, Словенија, Полска, Чешка и Македонија на возраст од 18 до 30 години, ќе учат вештини на јавно говорење и презентирање во рамки на интернационалниот настан „Гласот на младите“, кој ќе се одржи во охридскиот автокамп „Градиште“ од 17 до 24 јуни 2014 година, јавува „+Инфо“

Настанот ќе биде организиран од „Тугедер Мацедониа“, здружение на граѓани кое работи за младите и нивниот развој. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини за јавно говорење и презентирање, да ги зголемат вештините за вработување и да го подобрат англискиот јазик преку интерактивни работилници, предавања, обуки, дебати и презентации.

Заинтересираните информации за учеството може да добијат на електронската адреса: [email protected] .