На Државниот натпревар за камерна музика што денеска започнува во Скопје, ќе учествуваат седум состави од ОМУ „Методи Патче“- Охрид. На државното првенство Охрид ќе го претствуваат  два дуети и едно  трио-флејта, едно гудачко, едно дувачко трио, еден  дует виолини и еден дует на клавир, не информираа од основното музичко училиште.

Нашата прва  цел е да учествуваме на овој натпревар, иако нема натпревар од кој не сме се вратиле со награда. Но,  ние сме скромни и би сакале такви да останат и децата кои ги воспитуваме во тој дух, ни изјави неодамна директорката на ОМУ „Методи Патче?“, Нина  Момироска.


младите музички таленти од Охрид

Учеството на младите музички таленти на државниот натпревар го потпомогнаа Црвениот крст и младата поетеса Елизабета Велјаноска која собраните средствата од промоцијата на втората стихозбирка „Боите на  љубовта“, ги подари на ОМУ „Методи Патче“.

ohridnews