Македонското министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичкиот напад во Ница, Франција и најостро ги осудува нападите во кои животот го загубија над 70 граѓани, а неколку десетици се повредени.

Воедно, Министерството за надворешни работи информира дека е во постојан контакт со надлежните институции во Франција и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

OhridNews