Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, од министерството за образование и наука со известување до раководните лица на училиштата дека е доставена препорака- деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно работните обврски да започнат на 9 јануари.

– Оваа препорака е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде 2 саботи во првото полугодие и 2 саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови, велат од МОН.

Оттаму, додаваат дека оваа препорака е со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

OhridNews