По договорот на лидерската средба, членовите на ДИК да се бираат по старото законско решение, не е исклучено попладнево пратеникот Илија Димовски да ја закаже седницата за избори и именувања, каде тој е претседател. На комисијата треба да се селектираат кандидатите, за потоа двајца од нив да бидат предложени и изгласани на пленарна седница. За членови на ДИК се пријавени 41 кандидат.

На пленарната седница ќе се гласа со двотретинско мнозинство, согласно стариот закон. Доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат „за“ ќе се обезбеди кворум, а со тоа, ќе се одблокира прашањето за одржување на референдумот.

Пратеникот Илија Димовски вели дека за кратко време ќе биде извесно како ќе постапи и кога ќе ја закаже седницата.

Измените на Изборниот законик се очекува да бидат повлечени на тековната седница по изборот на новиот состав на ДИК, а дотогаш ќе биде гаранција дека новиот состав ќе биде поддржан од опозицијата, дознава „Макфакс“. Пратениците на координација одлучуваат како ќе се постапи.

На дневниот ред на денешната седница останаа за разгледување само два извештаи од МРТВ. Претходно, беше прескокната точката за измени во Изборниот законик и се чекаа заклучоците од лидерската средба.

OhridNews

Макфакс