Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа, па досега 2.631 лице се стекнале со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека месечниот надоместок изнесува околу 6.000 денари, средства со кои социјално се обезбедуваат лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција.

„За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член, бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со ПИО. Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите граѓани коишто ги исполнуваат условите предвидени со законската регулатива да поднесат барање за остварување на социјална пензија во месно надлежните центри за социјални работи“, велат од од МТСП.

Право на социјална пензија имаат сите лица коишто се државјани на земјава најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.

OhridNews