Натпреварите на македонската ракометна репрезентација и останатите мечеви на Мундијалот, кој ќе се одржи во Германија и Данска ќе бидат пренесувани со Националната македонска радио и телевизија (МРТ). Дилемата, дали и каде ќе бидат емитувани натпреварите од Мундијалот, а посебно од македонската репрезентација со македонски коментар беш решена денеска, откако МРТ ги обезбеди правата. Паника помеѓу симпатизерите на Македонија и љубителите на спортот внесе фактот што натпреварите на Вардар и Металург не се пренесуваат на македонска телевизија, туку на Арена Спорт каналите.

-Македонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, кое што од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и во Данска.

Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик !

Подгответе се за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската Телевизија. – стои во соопштението од МРТ.

Македонската ракометна репрезентација во Германија и Данска ќе го запише шестото учество на Светските првенства. Најдобриот пласман нашата најдобра селекција го имаше во Катар 2014 година, кога заврши на 9-то место.

Во групата на Мундијалот, Македонија се ноаѓа со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија. „Црвено жолтите“ мечевите на СП ги започнуваат против селекцијата на Јапонија на 11 јануари.

OhridNews