Центар за култура „Григор Прличев“

Од 01.05.2026 - 20:00 до 01.05.2026 - 22:00

Еден од најбараните проекти на Оркестар DIVA конечно доаѓа и во Охрид. Концертот „MTV Greatest Hits“ носи уште поинакво, подлабоко значење особено сега, кога MTV повеќе не постои во онаа форма во која сите го паметиме, како симбол на една генерација, еден звук и едно време, велат од Оркестарот DIVA.

Концертот ќе биде враќање во една златна ера, во време кога музиката имаше поинаква тежина, кога песните не беа само хитови, туку дел од нашето растење, од нашите спомени, од нашите први љубови, другарувања, излегувања и соништа. Заедно ќе се потсетиме на песните што обликуваа цела генерација, песни што се слушаа гласно, се пееја од срце и останаа засекогаш врежани во нас, посочуваат.

Додаваат дека „MTV Greatest Hits“ во Охрид ќе биде вечер за сите што сакаат повторно да ја почувствуваат магијата на таа златна доба и тоа искрено, силно и со многу емоција.

Вечер кога спомените ќе оживеат, а музиката повторно ќе нè потсети кои бевме и зошто тие песни сè уште живеат во нас, потенцираат од Оркестарот DIVA.

Концертот ќе се одржи на 01.05.2026 година во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид со почеток од 20.00 часот и на истиот ќе настапат Ана Петановска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.

Билетите се во продажба по цена од 500 денари на следниот линк: https://yournextevent.info/events/mtv-ohrid.

OhridNews