Со комеморација што се одржа претпладнево, ОУ „Братство и Единство“ се прости од својот наставник Зоран Бачев кој почина во 48та година од животот по тешко боледување.

-Нашиот клектив изгуби беспрекорна личност која ја красеа високи професионални, морални и стручни квалитети. Неговите високи стандарди изобилуваа со нагласена прецизност, возвишена интелигенција и одлика на борец кој е подготвен да го реши секој предизвик до совршена перфекција. – истакна во говорот на комеморацијата директорот на ОУ „Братсво и Единство“ Муамер Доко.

Наставникот Зоран Бачев ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Охрид.

OhridNews